Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Италијанскиот магазин „Chi“ објави специал од 19 страни со 18 необјавени фотографии на разголената принцеза Кејт, со наслов „Кралицата е гола“. Уредникот изјави дека ни позив од кралицата нема да го разубеди во објавување на сликите на Кејд Мидлтон.
Принцот Вилијам го поистовети овој случај со смртта на принцезата Дајана, и одлучи по секоја цена да ја заштити својата сопруга.
Издавачката куќа Мондадори која е во сопственост на семејството Берлускони, во француското издание на магазинот Клосер објави неколку фотографии од идниот кралски пар каде принцезата има голи гради, а после тужбата од кралското семејство најавија уште попровокативни фотографии во италијанското издание на магазинот.
Уредникот на магазинот, Антонио Сињорини изјави дека не се плаши од тужбата, бидејки фотографиите се настанати на јавно место, без нарушување на приватноста.
Од друга страна принцот Вилијам ги гледа зад решетки оние кои се одговорни за овие фотографии. Тој нагласи дека е навреден, бидејки папараците ја бркале и принцезата Дајана која бегајки од нив и погинала, одлучил да ја заштити Кејт за да не ја доживи истата судбина.