Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мајкл Даглас и неговата подобра половина Кетрин зета Џонс, одлучија повторно да бидат заедно во брачните води.
Познатата холивудска двојка како што наведува британскиот "Дејли Мејли"одлучиле да го спасат бракот, откако актерот Даглас се вратил во нивниот заеднички дом.
По 13 години брак, јавноста беше шокирана од веста дека тие двајца веќе нема да бидат заедно, но актерот ги прекина таквите гласини изјавувајќи дека тоа е привремено и дека нивниот брак во секој случај ќе продолжи.
Ние само имавме проблеми кои веќе ги надминавме, Кетрин сеуште го носи венчалниот прстен и ние повторно сме заедно-изјави актерот Мајкл Даглас,
Во изминатиот период актерите имаа навистина големи проблем, бидејќи познатиот актер се прореше против рак на грлото, а неговата жена се лекуваше од биполарно нарушување.