Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Она што го работат момците од македонската група Лабаво Лавабо, е музика која ќе рашири квалитет насекаде. Она што го работат најпознатите музичари во светот, со ист толкав квалитет го прават овие момци тука.
Откако ги докажаа својот квалитет, својата уникатност, го промовираа својот стил и придобија своја публика, бендот со најспецифично име, сними видео запис. Со преку 250 настапи се претставија во Македонија, со спот постав ен на Јуѕјуб ќе му се претстават на светот.
Спотот е направен за преработка на веќе култната „Niggas in Paris” на Jay Z и Kanye West.
Лабаво Лавабо е кавер бенд кој постои од 2010 година. Бендот го сочинуваат: Бојан Филиповски (вокал, бас гитара), Виктор Филиповски (тапани), Дејан Михајловиќ (гитара) и Борислав Веселинов (саксофон).
Моментално работат на авторски материјал, за кој не сакааат многу да откриваат.
Но, овие момци со големи чекори целат кон врвот. А тој врв со ваква уникатност го поставуваат сами.