Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Глобалниот феномен кој привлече милиони посетители во светот сега и на Балканот привлекува внимание.
Во оваа музичко шоу покрај Македонија учествуваат и уште три земји од регионот: Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Организаторите со своето искуство ветија шоу какво што досега не сме имале можност да видиме на овие простори, а сериозната продукција и човекот кој стои зад сето ова е Сајмон Коуел и гарантираат дека победникот ќе добие можност и средства да се истакне како врвен музичар и да игради свое има во музичката индустрија на најдобар начин.
Овој балкански „Икс фактор“ има жири што ветува незаборавно шоу. Жељко Јоксимовиќ, Емина Јаховиќ, Кики Лесандриќ и Кристина Ковач се добро познати на нашата публика и одлично функционираат како тим во ова шоу.
Според продуцентите на „Икс фактор“, на финалето на шоуто, што ќе се одржи на крајот на февруари во „Комбак арена“, се планира гостинка да биде светската музичка ѕвезда Пинк.
Погледнете како македонците ја восхитија публиката на оваа реномирано шоу: