Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тони Наумовски, познатиот актер со македонско потекло, во улогата на Сталин ќе настапи на тринаесеттиот меѓународен театарски фестивал Мидтаун во Њујорк.
Познатиот актер со македонско потекло, кој веќе осум години живее и работи во Њујорк, од 18 јули до 4 август настапува во познатиот театар „Џун хавок” во Њујорк во улогата на Сталин на светската премиера на драмата „Финални анализи“ (Final Analysis) од американскиот драмски писател Ото Ескин.
Основата за претставата е е еден историски инцидент во 1910 година, кога во Виена се среќаваат шест лица што се предодредени да го променат светот – познатиот композитор и диригент Густав Малер, неговата сопруга Алма Малер, Фројд, Лудвиг Вигденштајн, Сталин и еден млад човек.
Тони Наумовски е роден во Сиднеј, Австралија, со потекло од позната музичка фамилија од Македонија. Дипломирал на еднa од најпознатите школи за глума во Европа, Националната академија за театар и филм во Софија, Бугарија. Завршува магистерски студии на универзитет во Сиднеј, Австралија, а во 2004 година добива стипендија од Ана Стразберг, сопругата на легендарниот актер, режисер и учител Ли Стразберг за специјализација на неговата метод во институтот во Њујорк. Наумовски е еднакво успешен во театар, филм и телевизија. Во неговата кариера има над 100 улоги, а добитник е и на многу награди.