Македонија на Евросонг со песна на македонски јазик
31.01.2013 09:06
| KumanovoNews
На годинешниот Евросонг кој ќе се случува во Малме од 14 до 18 мај, Есма
Реџепова и Лозано ќе ја претстават Македонија со песната „Опсесија“,
компонирана од синот на Есма, Симеон Атанасов. Песната ќе ја изведат на
македонски јазик.

Со песната работно насловена, Опсесија, на 58. Избор за песна на Евровизија, боите на Македонија ќе ги бранат Влатко и Есма Реџепова. Песната „Опсесија" која ја компонираше Симеон Атанасов, синот на кралицата на ромската музика-Есма Реџепова Теодосиевска
Песната која е во етно поп стил се доработува во студиото на Валентино Скендеровски кој е задолжен за аранжманот, а премиерно ќе ја слушнеме на 27 февруари, во специјалната емисија на МТВ.
Сепак, сите овие информации се искочени од МТВ, но не и официјално потврдени.