Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера беше извлечена ждрепката за тоа која земја во кое полуфинале ќе се најде и во која половина од вечерта.
Повторно како и лани се погоди во едно полуфинале да има дури четири балкански земји, но овој пат за наша несреќа, Македонија не е меѓу нив. Таа се најде во второто полуфинале, со единствено очекување гласови од Бугарија, Романија и Албанија. Да се надеваме дека МТВ ќе ја одбере вистинската песна со која ќе може да очекуваме гласови и од другите земји.
Шведската радио телевизија и официјално го претстави логото и слоганот за Евровизија 2013. која ќе се оддржи во Малме. Околу тоа што претставува пеперутката во логото, официјалниот веб-сајт на Евровизија посочува дека има над илјада различни видови на пеперутки, но сите тие се наречени под едно име. Баш така е и Евровизија - еден силен идентитет, со богата разноликост на нации. Ако работиме заедно, можеме да постигнеме се - ние сме една целина.