Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поделени се мислењата на естрадата и граѓаните, околу евровизиската песна „Пред да се раздени“ што ќе ја претставува Македонија во Данска.
Додека едни сметаат дека е направен добар избор, други велат дека ова е најлошата песна што досега е направена за евровизиското натпреварување. Дури и самате Есма не е задоволна од песната, поради тоа што таа и Влатко не пеат во дует, туку посебно. Таа пее на ромски, а Влатко на македонски јазик. Според обложувалниците Македонија е на 37 место. Зад нас се само Белгија и Бугарија.
Од екс-ЈУ земјите Србија има најдобра позиција. Песните на Црна Гора и Хрватска стануваат секој ден се поголем хит на ЈуТјуб. Босна и Херцеговина оваа година нема да имаат свој претставник, поради кризата во која се наоѓаат, а исто така и немаат право да гласаат. Годинава фаворит на Евровизија е песната на Данска.