Македонија вечерва се бори за место во финалето на Евросонг
16.05.2013 08:18
| KumanovoNews
Македонските претставници на годинашниот Евросонг вечерва ќе настапат на евровизиската сцена во Малме, во втората полуфинална вечер, покрај уште 16 претставници.

Влатко Лозаноски и Есма ќе настапат трети, а за место во финалето ќе се борат со Летонија, Сан Марино, Азербејџан, Финска, Малта, Бугарија, Исланд, Грција, Израел, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Албанија, Грузија, Швајцарија и Романија.
Десетте финалисти ги избираат рамноправно публиката и жирито од земјите учеснички на второто полуфинале како и од три од земјите од „Големата петорка“ - Франција, Германија и Шпанија.