Македонка на „Мис Евроазија 2013“ во Турција
27.05.2013 08:46
| KumanovoNews
Македонската моделка Надица Илова ќе ја претставува нашата земја на изборот на убавина „Мис Евроазија 2013", кој се одржува од 23 мај до 10 јуни во Анталија, објави Утрински весник.

На изборот ќе се натпреваруваат повеќе од 25 девојки од Европа и Азија, а негов партнер се луксузните хотели „Риксос Ларес" и „Риксос Сангејт". Финалето е закажано за 3 јуни, а претходно ќе има избори на кои ќе се доделат титулите: мис пријателка, мис спорт, мис бикини, мис диско, мис мода, мис талент. На финалната вечер Надица ќе носи креација на нашата креаторка Ирина Тошева.