Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Македонска пошта“ денеска промовираше нова поштенска марка, издадена по повод Јубилејот 20 години од монетарното осамостојување на земјава и воведувањето на националната валута - денар.
Марката е со вредност од 50 денари. На неа е претставена монетата од еден денар, искористен е мотив од стара пара на Македонија и стои натпис дека е направена по повод 20-годишнината од монетарното осамостојување на Македонија.
Според гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, новата поштенска марка е уште една можност преку која ќе се промовира историјата и културата на Македонија надвор во светот.
Поштенската марка во вредност од 50 денари ја изработи Лариса Донев, дизајнерка во Самостојна служба за филателија при „Македонска пошта“.