Македонска претставничка го воодушеви жирито на Икс Фактор
14.11.2013 08:28
| KumanovoNews
Марија Ичкова од Богданци која со само 15 години настапи на сцената на познатото шоу Икс Фактор, ја воодушеви публиката, а жирито го остави без здив.

Таа успеа за три минути да направи вистинска рок сензација и да ја крене на нозе целата публика со темата „Whole lotta love“ на Led Zeppelin.
Морам да изјавам дека никогаш порано не сум видела ваква изведба. Додека те слушав имав чувство дека ја слушам познатата Џенис Џоплин-изјави Кристина Ковач, дел од жири комисијата.