Мени

Македонска со награда на Интернационал јахтинг моделс

25.11.2013 08:34 | KumanovoNews

Викендов на островот Хајнан во Кина, се одржа финалето за изборот на модели "Интернационал јахтинг моделс" за 2013 година.

Македонска со награда на Интернационал јахтинг моделс

Нашата земја за претставуваше 18 годишната Симона Станковска од Скопје која во конкуренција со 60 модели од целиот свет застана на второ место и ја зеде титулата на втора придружничка.

Симона е победничка на изборот за Мис Македонија 2013, за "Мис Глоуб" каде што направи голем успех и застана на место на трета придружничка.

Искрено мислам дека се претставив во најдобро светло подпомогнато од Модно Студио Црнокрак кои за време на престојот во Кина ми ја даваа најгилемата поддршка-изјави Симона.