Мени

Македонската убавица на изборот за Мис на светот

12.09.2013 07:53 | KumanovoNews

Кристина Спасеноска, 21 годишна кичевчанка, замина во Индонезија каде што треба да учествува на изборот за Мис свет 2013.

Македонската убавица на изборот за Мис на светот

Кристина замина на 3 септември за да биде дел од изборот Мис свет 2013, но отиде без фустанот кој треба да го носи финалната вечер.

Поради теснецот со време меѓу нашиот и светскиот избор, а и поради комплицираноста на фустанот на кој дизајнерот Менсур Ајдини рачно ги вметнува апликациите, како што се везот и камењата, се договоривме да замине без фустанот за да може тој да се доработи, а деновиве ќе и го пратиме по ДХЛ, вели Лидија Велковска, сопственичката на лиценцата за домашниот избор за Мис на светот, за весникот Вечер.