Македонски филмови на фестивал во Калифорнија
18.11.2013 08:39
| KumanovoNews
Филмовите на познатиот Милчо Манчевски беа емитувани на Меѓународниот филмски фестивал на Меѓународната недела на образование во Калифорнија.

Фестивалот започна на 13 ноември кога беше прикажан долгометражниот филм Прашина кој беше најгледан филм во Македонија, наредниот дел беше емитуван филмот Мајки кој својата премиера ја доживеа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2010 година.
Филмот Мајки освои вкупно 7 меѓународни награди, беше на листата на 40 европски филмови од страна на европската филмска академија и македонски претставник за Оскар во 2010 година.