Мени

Македонски филмови во Грузија

03.04.2013 08:25 | KumanovoNews

Во киното „Руставели“ во грузиската престолнина Тбилиси  синоќа беше отворен „Фокусот на македонски филмови“ што го организира Филмскиот фонд на Република Македонија, Кинотека на Македонија и Грузискиот филмски центар.

Македонски филмови во Грузија

На отворањето беа прикажани „Избор филмови од Браќата Манаќи“, кои се и први снимки на Балканот и „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски.

Манифестацијата ја отворија директорите на Грузискиот филмски центар Нана Јанелидзе и на Филмскиот фонд Дарко Башески и режисерот на „Панкот не е мртов“ Владимир Блажевски.

Отварањето, како што соопшти Филмксиот фонд на Македонија, било проследено со голем интерес кај грузиската публика.

Утре во киното „Руставели“ ќе биде прикажан документарниот филм „Плати и жени“ во режија на Атанас Георгиев.