Македонскиот мистер закрепнува по тешката сообраќајка
04.01.2013 11:02
| KumanovoNews
Македонскиот мистер Ивица Симоновски добро закрепнува од тешката сообраќајка што ја доживеа завчера во Скопје.

Тој објави фотографија на која се гледа дека има само неколку скршеници и модринки и дека пријателите одлично му помагаат во закрепнувањето.
При сообраќајката Симоновски возел од Чаир кон центарот на Скопје кога друг автомобил му го пресекол патот поради што дошло до несреќата.
Повредениот Симоновски веднаш бил префрлен на Ургентниот центар каде му биле констатирани скршеници и повреди на главата, рацете и нозете.