×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марин Ле Пен ќе ја тужи Мадона

    16.07.2012 06:59 | KumanovoNews

    Пред неколку недели Марин Ле Пен ја предупреди Мадона дека ако нејзината снимка од концертот протече во јавноста, ќе преземе соодветни мерки.

    Марин Ле Пен ќе ја тужи Мадона

    Француската крајно десничарска партија Национален фронт ќе ја тужи Мадона, зашто завчера на концертот во Париз емитирала видеоклип во кој се гледа ликот на претседателката на партијата Марин Ле Пен со кукест крст на челото.

    Флоријан Филипо, вицепретседателот на Националниот фронт, за агенцијата Ројтерс најави дека партијата планира во текот на неделава да поднесе тужба за навреда пред основниот суд во Бобињи, под чија надлежност е стадионот Стад де Франсс, каде што се одржал концертот. Пред неколку недели Марин Ле Пен ја предупреди Мадона дека ако нејзината снимка од концертот протече во јавноста, ќе преземе соодветни мерки.

    Во видеоклипот покрај ликот на Марин Ле Пен се гледаат и ликовите на повеќе познати личности - папата Бенедикт Шестнаесетти и Хосни Мубарак. Сликата на Марин Ле Пен, за која гласаа околу шест милиони Французи на првиот круг од претседателските избори, се појавува неколку секунди во клипот, веднаш по лик кој потсетува на Адолф Хитлер.

    Тоа е провокација која има цел да се бори против тешкотиите со кои се среќава ѕвездата, бидејќи нејзината турнеја е вистинско промашувањее, вели Флоријан Филипо, додавајќи дека таа провокација е неприфатлива, бидејќи таа се служи со реалтивизирање на серизони нешта. "Наша е задачата да ја тужиме за да ги одбраниме нашите избирачи и симпатизери", заклучува тој.