Мени

Марко Чаласан е 6. најпаметен тинејџер во светот

24.10.2013 09:45 | KumanovoNews

Компјутерското чудо од дете, Марко Чаласан се наоѓа на шестото место на листата најпаметни тинејџери на целиот свет која ја состави организацијата "Best Schools".

Марко Чаласан е 6. најпаметен тинејџер во светот

Марко е најмлад MSCA (на возраст до осум години) и MSCE (на возраст до девет години). Тој има вкупно 12 сертификати од Мајкрософт и еден ЦИСКО (CISCO) сертификт.

Неговите родители велат дека Марко научил да чита и пишува уште на неговата втора година по што веднаш го привлекле компјутерите, астрономијата, физиката, а кога се спроведувал "BIG Bang" експериментот во CERN неможел да заспие од возбуда.

На децата од 8-11 години, Марко им ги предава основите на компјутерите.

Чудото од дете зборува три јазици, а во иднина би сакал да пишува и учебници за информатика за сите корисници.