Мени

Мартија е наш победник иако заврши на 12. место

20.11.2016 20:36 | KumanovoNews

Македонската претставничка Мартија Станојковиќ освои 12. место на детскиот Евросонг, кој вечерва се одржа во Валета, Малта.

Мартија е наш победник иако заврши на 12. место

Мартија имаше одличен настап со песната "Љубовта нè води" од авторот и продуцент Александар Масевски. Таа настапи седма по ред, но не доби доволен број на гласови за да се пласира меѓу првите пет. Сепак нашата публика ја смета за победник бидејќи достојно ја претстави Македонија.Победи песната од Грузија, која освои 156 гласови.

Поради забраната од ЗАМП за емитување на македонска музика, песната на Мартија не ја доби заслужената промоција кај нас.

На годинашниот јуниорски Евросонг настапија деца од 17 европски земји.

Кумановката Мартија, беше избрана за претставник на детскиот Евросонг откако на регионалното музичко шоу "Пинк ѕвездички" во Белград стекна голема популарност и го освои второто место.