Мартинијан ќе пее за помош на Ивана Величковска
25.06.2014 08:53
| KumanovoNews
Младиот пејач Мартинијан и бендот Х.К.Б. утре од 21 часот ќе пејат на хуманитарна забава во Касапски круг, за помош на Ивана Величковска.

Влезот е 50 денари, а мотото на забавата е “Хуманоста не познава граници, Донирај за Ивана и подари и живот. Заедно посилни од се“.
Величковска боледува од леукемија и за лекување во Германија е потребно да се соберат 150.000 евра.