Мени

Мартинијан Кириловски сними песна и спот

11.08.2015 08:12 | KumanovoNews

Мартинијан Кириловски утревечер во 20 часот во “Нама“ кафе,  ќе ја промовира песната “Јас знам“, за која има направено и видео запис.

Мартинијан Кириловски сними песна и спот

Песната и спотот се реализирани во соработка со неговиот бенд HQ Band.

Организаторите на присутните им ветуваат добра журка во придружба со DJ G од Куманово. На младиот пејач ова му е прв спот.

Автор на музиката и текстот е Филип Антевски,  а за аранжманот се погрижи самиот пејач заедно со Филип Антевски. Песната е снимена во Куманово, а спотот се снимаше во кумановскиот воен аеродром „Аџитепе“. Наскоро  песната ќе добие и српска верзија, а ќе се промовира преку мрежата на српската продукција „Гранд.