Масовна тепачка поради Ријана
        15.06.2012 07:19
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Крис Браун се степал со екипата на раперот Дрејк во еден ноќен клуб во Њујорк, а според наводите на сведоците причината е Ријана.
                  Имено, веќе некое време се шушка дека Дрејк се гледа со популарната пејачка која воедно е и поранешна девојка на Браун.
Поради масовната тепачка интервенирала и полицијата, а петмина се повредени. Кога пристигнала полицијата познатите рапери веќе си отишле, а Крис кратко потоа на Твитер објавил своја фотографија на која има исекотини на лицето.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



