Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ѕвездата на Transformers, Меган Фокс и познатиот режисер Мајкл Беј имаат долга историја на меѓусебни навреди.
Фокс изјави дека е немозможно да соработува со него и го спореди со Адолф Хитлер. Поради ова, таа не се врати за третото продолжение на Transformers и нејзината замена беше моделот на Victoria’s Secret, Рози Хантингтон-Вајтли.
Изгледа дека нивните кавги се заборавени. Беј, кој треба да започне со снимање на четвртото продолжение на Transformers, истовремено е и продуцент на новата верзија на Teenage Mutant Ninja Turtles. На неговиот веб-сајт тој денеска напиша: “TMNT: ја враќаме Меган Фокс во фамилијата.”
Во конкуренција за оваа улога беа актерките Ана Кендрик (Up in the Air), Елизабет Олсен (Martha Marcy May Marlene) и Џејн Леви (Evil Dead). Режисер на филмот ќе биде Џонатан Либсман (Battle: Los Angeles, Wrath of the Titans), додека сценариото го напишаа Ендру Немек и креаторот на TMNT, Кевин Истман.
Teenage Mutant Ninja Turtles ќе се појави во кино салите на 25-ти декември.