×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мерил Стрип и Жан Дижарден со пет златни статуетки за филмот „Артист„

    27.02.2012 17:50 | KumanovoNews

    Мерил Стрип(62) го освои нејзиниот трет Оскар за улогата на Маргарет Тачер во филмот „Челична дама“. Жан Дижарден е првиот француз кој ја доби престижната награда за улогата во „Артист“ кој ја понесе наградата за најдобар филм.

    Мерил Стрип и Жан Дижарден со пет златни статуетки за филмот „Артист„

    Точно пред 33 години Мерил Стрип ја освои првата златна статуетка, а сега триумфираше во категоријата најдобра актерка во 84.доделување на Оскарот во „Кодак“ центарот во Лос Анџелес. Вториот Оксар таа го доби 1982 година за главна женска улога во филмот „Софиин избор“.

    Французинот Жан Дижарден доби Оскар за најдобра машка улога во конкуренција на Џорџ Клуни и Бред Пит, иако во целиот филм кој е без тон, изговори само две реченици.

    За главна споредна улога Оскар доби Кристофер Палмер за фимот „Почетници“ и со 82 години е најстарот актер кој добил Оскар. Истата награда во женска конкуренција ја доби Окставија Спенсер за филмот „Служинки“.

    Најмногу награди доби „Хуго“ на Мартин Скорсез и тоа за најдобра камера, сценографија, монтажа, микс на звукот и визуелни ефекти.

    Иранската драма „Развод“ доби награда за најдобар странски филм, а најдобар анимиран филм е „Ранго“.