×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мерил Стрип: Ме инспирираше Клинт Иствуд, не Ана Винтур

    29.06.2016 09:04 | KumanovoNews

    Иако Лорин Вајсбергер не потврдила дека во својата книга „Ѓаволот носи Прада“ ја опишала Ана Винтур, актерката Мерил Стрип ги демантираше гласините дека по ликот на модната икона го градила ликот на строга и бездушна уредничка на модното списание на Миранда Присли.

    Мерил Стрип: Ме инспирираше Клинт Иствуд, не Ана Винтур

    - Инспирација за тонот и гласот ми беше Клинт Иствуд - открила актерката за магазинот "Variety", 10 години по фантастичната улога во „Ѓаволот носи Прада“.

    Актерката вели дека познатиот актер никогаш не подигнува глас и дека обично соговорникот мора да се приближи за да го слушне што зборува, со што автоматски станува најмоќна личност во собата, а во нејзиниот лик тоа го дава посакуваниот резултат.

    Според зборовите на актерката Ен Хетавеј, која исто така игра во филмот „Ѓаволот носи Прада“, кога Мерил на пробите го постигнала ефектот на „тивкиот говор“, сите зинале од одушевување.

    Смислата за хумор на Миранда Присли, Стрип ја превземала од Мајк Николас, со кој работела на бројни филмови.

    Што се однесува до изгледот на Миранда Присли, оскаровката открива дека имала две музи за инспирација: сакала комбинација на бела коса на супермоделот Кармен Делорфис и ненападна елеганција и непобитен авторитет на француската економистка Кристин Лагард.

    Сепак, иако за успех на филмот допринела со својот лик, Стрип замалку ке ја одбиела улогата поради иницијалната понуда, која на крај и била двојно зголемена.

    Фото (www.rantchic.com)