Мерил Стрип со нова улога
06.02.2013 10:46
| KumanovoNews
Добитничката на Оскар ќе глуми вештерка во хит мјузиклот Into The Woods.

Филмската верзија на повеќенаградуваниот проект на Стивен Сондхејм, кој е составен од повеќе класични бајки, како Црвенкапа и Пепелашка со модерен пресврт, ќе го режира Роб Маршал, режисерот на на познатиот мјузикл "Чикаго"
Покрај Мерил стрип, во филмот ќе играат и Ана Кедрик, Кристин Барански, Алисон Џани, Џејмс Корден и Патрик Вилсон.