Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Но, само на филм. Се снима ТВ драмата "Behind The Canelabra" во која Даглас го глуми американскиот пијанист Либерачи кој бил во тајна врска со својот возач Скот Торсон, улога што му припадна на Дејмон.
Според сценариото треба да се бакнеме повеќе пати. Не сум сонувал дека еден ден ќе се бакнувам со Мајкл Даглас – изјави Дејмон за "E! Online".
Либерачи беше еден од најпознатите и најплатени пијанисти во светот во седумдесеттите години од минатиот век. Драмата "Behind The Canelabra" ја раскажува неговата биографска приказна. Либерачи никогаш јавно не признал дека е геј, но отсекогаш постоеле такви гласини, а особено се верувало дека е во тајна врска со својот возач. Минатата година познатата актерка и пријателка на Либерачи, Бети Вајт, потврди дека тој бил хомосексуалец.
Режисер е Стивен Содерберг, а премиерата се очекува следната година