Металика со нов албум и 3Д филм
Во разговор за Билборд, басистот Роберт Трујило откри нови информации за следните планови на Металика.

Тој објаснува дека бендот работи на новиот албуми, кој во моментот е во фаза на спојување на рифовите и идеите, и додава дека се е малку одложено затоа што бендот сака премногу да ги анализира работите.
Фронтменот Џејмс Хетфилд откри неколку новости и за претстојниот 3Д филм за групата - Metallica – Through The Never кој е речиси готов и во завршна фаза на монтажа и миксање на звукот.
Metallica – Through The Never го најавуваат како необичен хибрид на концертен филм и фикција, а во него се појавува Дејн ДеХаан, како лик од екипата на групата, кој во текот на концертот добива итна мисија. Режисер на филмот е Нимрод Антал.