Мила Кунис е најсекси актерка за 2013 година
02.05.2013 09:57
| KumanovoNews
Мила Кунис е прогласена за најсекси актерка за 2013 година на листата на која се наоѓат уште 99 убавици по изборот на читателите на списанието FHM.

Додека минатата година беше на 14-то место, оваа година се искачи на прво, а на оваа листа се наоѓа веќе четири години со ред.
На листата се најдоа и Ријана, Кели Брук, како и Пипа Мидлтон, додека нејзината славна сестра, војводката Кејт оваа година испадна од листата.