Мила Кунис е најсекси жена на планетата
14.06.2012 08:48
| KumanovoNews
28 годишната актерка Мила Кунис е прогласена за најсекси жена на планетата, од страна на читателите на магазинот Sun.

Мила, која собра цела армија машки обожаватели после лезбејската сцена со Натали Портман во филмот Black Swan, веќе неколку години е вбројувана во најубавите жени од светот на шоу бизнисот.
И покрај ваквите резултати, таа не се смета себеси за атрактивна жена.
Го ценам вниманието, меѓутоа не се сметам себеси за посебно згодна - изјавила Мила за Sun.
Актерката која последниве месеци беше романтично поврзувана со Аштон Качер и Џастин Тимберлејк, во 2010 година ја прекина осумгодишната љубовна врска со Меколи Калкин.