Мила Кунис и Ештон Качер видени заедно
23.07.2012 10:13
| KumanovoNews
Мила и Ештон се знаат многу долго време, уште кога работеа заедно во хит серијата "Луди седумдесети" и иако со години не се дружеа, нивната врска почна откако Ештон се разведе од Деми Мур.

Пред неколку месеци папараците почнаа да ги гледаат заедно на тајни локации, а новата потврда за нивната врска пристигна во текот на викендот кога Мила му се придружила на Ештон на забавата за завршувањето на снимањето на новиот филм за Стив Џобс.
Мила цело време седела до Ештон и се бакнувале. Парот воопшто не се криел од останатите, а тоа дефинитивно значи дека нивната врска веќе не е тајна, иако тие сеуште јавно не го потврдиле тоа.