Мени

„Милениум„ ќе промовира спот за песната „Ајде сите весело„

04.11.2014 12:00 | KumanovoNews

Кумановската музичка група „Милениум„, утревечер ќе ја промовира песната и музичкиот спот за „Ајде сите весело„.

„Милениум„ ќе промовира спот за песната „Ајде сите весело„

Музиката и аранжманот ги напиша Слаѓан Станишковски, а текстот е на Тања Тодоровска. Специјален гост во песната е Стевче Стојковски, кој свири изворни музички инструменти.

 Песната е свадбарска и решивме да направиме видео спот. Спотот е снимен во „Етно-село Тимчевски„, со многу македонски свадбарски обичаи, во придружба на културно-уметничките друштва „Срма„ и „Српски вез„, со гајда и зурла, - вели Станишковски.

На промоцијата на спотот ќе пејат Андријана Алачки, Ирена Спасовска, Гоце- Синтезис, Нино Величковски, Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски, сите во придружба на оркестарот „Милениум„. Предвидена е богата едночасовна програма.

Промоцијата ќе се одржи во фоајето на Центарот за култура со почеток во 20 часот. Влезот е слободен и сите заинтересирани кумановци можат да дојдат на пред празничната журка.