Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Групата „Милениум„, синоќа го промовираше видео спотот за песната „Ајде сите весело„.
Спотот е снимен во „Етно-село Тимчевски„, со македонски свадбарски обичаи, во придружба на културно-уметничките друштва „Срма„ и „Српски вез„.
Многу сум задоволен од промоцијата, бидејќи имаше многу гости, конечно кумановци препознаа да дојдат на една ваква промоција. Се надевам дека песната ќе наиде на добар прием кај публиката, но ние ќе продолжиме со нејзина натамошна промоција, - изјави Слаѓан Станишковски, водач на групата Милениум.
Музиката и аранжманот ги напиша Слаѓан Станишковски, а текстот е на Тања Тодоровска. Специјален гост во песната е Стевче Стојковски, кој свири изворни музички инструменти.
На промоцијата настапија Александар Богдановски, Мартинијан Кириловски, Маргица Антевска, Тамбурашите Амадеус и Гоце - Синтезис, со изворни македонски песни.