Милиграм ќе пее за Денот на градот
02.11.2016 10:14
| KumanovoNews
Српската поп група Милиграм ќе пее на градскиот плоштад во Куманово за Денот на градот -11 Ноември.

Концерот ќе се одржи на 10 ноември, со почеток во 21 часот, а ќе трае 2 часа. За настапот на „Милиграм“ општината издвоила 7000 евра.
Концертот е под покровителство на градоначалникот и Советот на општината Куманово.