×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Миранда Кер е новото заштитно лице на Манго

    26.11.2012 09:51 | KumanovoNews

    Супермоделот Миранда Кер е новото заштитно лице на модната куќа „Mango“, со што ќе ја замени Кејт Мос која досега го рекламираше брендот

    Миранда Кер е новото заштитно лице на Манго

    Кер веќе почна да го снима едиторијалот со цел промоција на колекцијата пролет/лето 2013 година.

    Уште не е познато зошто Мос, која се покажа како одлично лице за промоција на брендот, се повлече од својата улога. Уште кога ја ангажираа од куќата постоеше скептичност во однос на тоа колку Кејт ќе успее да ја крене продажбата, но се покажа дека скептиците не биле во право, а продажбата на брендот се зголеми.

    Во јавноста веќе излезе една фотка од фотосесијата на Кер, која изјави дека ги обожава модните парчиња на „Mango“.

    Освен Кејт Мос и сега веќе Миранда Кер, заштитно лице на брендот досега биле голем број познати жени како што се Каролина Куркова, Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Мила Јововиќ и уште неколку други убавици од светот на модата.