Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Биографската книга “Адел” открива дека популарната пејачка инспирација за својот прв албум нашла во пропадната врска со бисексуалното момче кое ја оставило и заминало со нејзиниот геј пријател.
Едно знаеме, а тоа е дека нејзината прва љубов заврши навистина лошо. Тие беа многу искрени еден кон друг и таа знаеше дека тој е бисексуалец, но чувствуваше дека можат да функционираат заедно- напишал Марк Шапиро, авторот на биографијата.
Но, мора да се напомене и дека Адел на својата интернет страница напишала дека инспирација за нејзиниот деби албум е врската која ја имала на 18 години.
Како што тој наведува во биографијата на пејачката, во еден момент момчето сакало да се смири со неа, но таа го одбила. Веднаш потоа, утехата таа ја нашла во алкохолот, што се поврзува и со зависноста која ја имал нејзиниот татко – алкохолизмот.
Во автобиографијата е опишан и концертот на кој Адел од испиена преголема количина на алкохол, паднала од столче за време на изведба на една песна.
Тоа е најлошата работа која ми се случила- рекла пејачката и додала дека заради пијанство еднаш и се има случено и да заборави и стихови од својата песна.