×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Моника Белучи ќе игра во новиот филм на Емир Кустурица

    21.01.2013 09:39 | KumanovoNews

    Италијанската актерка Моника Белучи ќе ја игра главната женска улога во новиот филм на режисерот Емир Кустурица.

    Моника Белучи ќе игра во новиот филм на Емир Кустурица

    Филмот ќе го носи името "Љубов и војна" и ќе биде сниман во Требине во текот на месец мај и јуни.

    По пристигнувањето во Бања Лука во саботата Кустурица и Белучи беа пречекани од претседателот на Република Српска во Босна, Милорад Додик, кој е пријател на светски познатиот режисер.

    Мештаните единствено и “замерија“ на актерката кога таа изјави дека “За прв пат е во Србија“, но набрзо се заборави на гафот на Белучи.

    Кустурица молскавично ја поправил, велејќи и дека се наоѓаат во место населено со Срби, што е дел на Босна и Херцеговина, но не е во Србија.

    Актерката се извинила и прецизирала каде се наоѓа, овој пат правилно.

    Од Босна и Херцеговина Белучи отпатува за Србија, каде што беше почесен гостин на шестиот филмски и музички фестивал "Кустендорф", организиран од Кустурица.