Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mоника Белучи завчера на Зеленгора по првпат застана пред камерата на Емир Кустурица.
Италијанката во венчаница со капа карактеристична за херцеговскиот крај трчала низ ливада, во сцена во која снимале сон на главниот лик.
Многу сум возбудена што сум овде. Ова ми е прв ден и овде е магично. Многу сум среќна", изјавила Моника.
Кустурица, кој го игра и главниот лик, Коста, ја објаснил сцената.
Коста сонува како е остварен неговиот сон за женидба и како во рајот ја среќава таа жена. Скокаат во езеро и тука под водата се бараат, но таа се претвора во пеперутка", рекол Куста.
Според српските медиуми, Белучи ќе снима уште неколку дена, а потоа ќе се врати во октомври, кога е планирано снимање во парк на природата блиску до Чапљина.