Мени

Музеј на групата "АББА"

05.10.2012 09:36 | KumanovoNews

Патувачката изложба на групата „АББА“ ќе добие постојано место во новиот музеј, во најголем дел посветен на шведскиот квартет, кој продаде речиси 400 милиони албуми од 1970-тите, кога се наоѓаше на врвот.

Музеј на групата "АББА"

Поранешниот член на групата Бјерн Улвеус рече дека „Музејот АББА“ ќе биде во рамките на шведската Музичка сала на славните, а инаугурацијата ќе биде во пролет.

Во музејот ќе се наоѓаат сценски костими, инструменти и други спомени кои посетителите имаа можност да ги видат на патувачката изложба Абаворлд, која ги обиколи Европа и Австралија во периодот меѓу 2009 и 2011 година.

Улвеус изрази надеж дека сите членови на групата ќе присуствуваат на отворањето, но исклучи каква било  можност за повторно настапување: - Ние сме единствена група со таков статус, која никогаш повторно не се собра. Мислам дека тоа е кул.