×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Музиката на Серафимовски промовирана во САД

    18.04.2013 08:04 | KumanovoNews

    Македонскиот автор, инструменталист и аранжер Боби Серафимовски, за Јунајтед стејтс муншер компани го објави својот нов албум насловен како Без граници.

    Музиката на Серафимовски промовирана во САД

    Наедно за американската издавачка куќа МЈузик он мак Авејн Рикордс тој има лиценцирано дури 74 композиции што ќе им бидат нудени на продуцентите ширум светот.

    Ви претставуваме прекрасна музика од Македонија, на авторот Боби Серафимовски.“

    Ете вака беше најавен новиот албум Без граници на нашиот автор, продуцент, аранжер и мулти-инструменталист Боби Серафимовски на една од специјализираните американски радиостаници што емитува џез музика. Со ова, практично започнува и неговиот пробив на дискографскиот пазар од обете страни на Атлантикот каде случајни нема и каде што за успехот пред се пресуден е само квалитетот на понудата. А, за неговото актуелно остварување авторитетите во оваа област побрзаа да забележат дека е уникатно и дека доаѓа од земја со многу богата културна и историска традиција.

    Со мојата менаџерка и со мојот издавач се договоривме насловот да биде едноставно ’Без граници‘ бидејќи можеби појдовме од тој факт дека во уметноста, во креативноста, во она што значи создавање на дела, не постојат граници и дека едноставно музиката е јазик со кој можеме да се разбереме со сите луѓе и нации во целиот свет-изјави Серафимовски.