Мени

На Цеца и се слошило, не дошла на судење

19.09.2013 15:02 | KumanovoNews

 Судењето на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и на нејзиниот зет Предраг Оцокољиќ, обвинети за закани на директорот на ФК „Млад пролетер“, Александар Оларевиќ денеска било одложено бидејќи Цеца завршила во болница, пренесуваат српските медиуми.

На Цеца и се слошило, не дошла на судење

Лошо и е, малаксана е и не може да стои на нозе - изјави адвокатот Горан Петронијевиќ.

Во судот се појавил само Оцокољиќ, но судењето во врска со тужбата дека му се заканувале на Александар Оларевиќ во 2007 година е одложено.

Двајцата се товарат за кривично дело “насилничко однесување“ за кое им се заканува казна од 6 месеци до 5 години затвор.