На Марс никна цвеќе?
06.01.2013 14:03
| KumanovoNews
На Марс можно е да растат цвеќиња, пренесува Daily Mail, по направените фотографии од страна на НАСА.

На површината се гледа растение што наликува на „цвеќе“. Од НАСА тврдат дека не се работи за отпад или слично, бидејќи изгледа како „цветот“ да расте од карпите. Ќе биде потребно време за да се открие што точно Curiosity снимил на Марс.
„Реков дека „цвет“ е само термин со кој ќе ја објасниме формата на предметот и тоа не значи дека на Марс навистина има растенија“, вели Гај Вебстер, портпаролот на НАСА .
За слично парче откриено во месец октомври се испостави дека е парче пластика.