×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 2000 луѓе го гледале “Трето полувреме“

    14.12.2012 11:03 | KumanovoNews

     За десетина дена над 2000 кумановци го гледале филмот “Трето полувреме“ во Младински културен центар “Козјак“.

    Над 2000 луѓе го гледале “Трето полувреме“

    Филмот во два термини од 19 и 21 часот ќе се прикажува уште утревечер, но ако постои интерес прикажување ќе има и во недела.

    - Ние сме презадоволни иако се погоди студено време, публиката доаѓа да го гледа филмот. Тие се воодушевени од филмот и на крај ракоплескаат. Па доволен мотив е тоа што во филмот глумат четворица кумановци. Ако државата направи напори да ја сузбие пиратеријата, да се увезуваат квалитетни филмови, публиката ќе се врати во кината што би било многу убаво. Сепак тоа ќе зависи од многу фактори, од законите и од државата - вели Мирослав Крстевски, управител на Младински културен центар “Козјак“.

    Тој потврдува дека одамна публиката немала толкав интерес за одреден филм.