Надал на насловна на магазинот "КОСАС"
18.10.2013 09:17
| KumanovoNews
Тенисерот Рафаел Надал го остави рекетот на страна и запловил во манекенските води.

Со раскопчана кошула го покажува своето тело за потребите на снимањето за перуанскиот магазин "Косас".
Во интервјуто за магазинот, актуелниот прв рекет во светот открива дека се брза да основа семејство со долгогодишната девојка Марија Перело.
Додека за тенисот изјави дека ќе се потруди да постигне уште поголеми резултати, бидејќи неговата физичка спремност е на високо ниво како што можеме да видиме од насловната слика за магазинот.