Наградата на Ламбе донирана во Бигорски Манастир
14.11.2013 08:21
| KumanovoNews
Македонски пејач, победник на Скопскиот фестивал 2013 година, Ламбе Алабаковски, композицијата "Ќе те чекам јас" ја посвети на својата почината мајка.
Тој собра 124 гласа преку СМС пораките и освои 20.000 евра парична награда кои ќе бидат донирани хуманитарно во Бигорскиот Манастир.
Јас навистина не очекував дека ќе победам. Се надевам дека песната ќе стане голем хит. Навистина е убаво што се вратив на сцената во полн сјај. Сумата која ја добив како награда е навистина мотив повеќе и дел од наградата ќе оди на светката на Бигорскиот Манастир кој што е мое духовно светилиште-изјави Алабаковски.
Победници на Скопскиот фестивал
1969 Елда Вилер - Довидување
1973 Гоце Николовски - Тивко, Тивко
1994 Маја Оџаклиевска - Не ме допирај
1995 Лидија Кочовска - Што те нема
1997 Пеце Огненов - Манастирски сон
1998 Владо Јаневски - Не зори зоро
1999 Гиш - Сејачот
2000 ЏЏЛ - 100% те љубам
2002 Каролина - Од нас зависи
2008 Тамара, Врчак и Гаџа - Во име на љубовта
2009 Некст Тајм - Нешто што ќе остане
2010 Ѓоко Танески - Јас ја имам силата
2011 Влатко Илиевски - Русинка
2013 Ламбе Алабакоски - Ќе те чекам јас