Мени

Најавени големи промени во „Два и пол мажи“

31.05.2013 07:25 | KumanovoNews

Популарната серија „Two And A Half Men“  добива нов лик, станува збор за одамна изгубената ќерка на Чарли Шин, пишува сајтот Deadline.

Најавени големи промени во „Два и пол мажи“

Новиот лик ќе биде во раните дваесетти години и ќе се појави барајќи го својот татко, Чарли Харпер.

Новиот лик регуларно би требало да се појави во единаесетата сезона на серијата, а веќе започна потрагата по актерка која ќе го толкува ликот. CBS најави дека ќе им единаесетта сезона откако актерите потпишаа нови договори.

„Two And A Half Men“ започна со снимање во 2002 година, а премиерно беше емитувана во септември, 2003 година, додека автори на серијата се Чак Лор и Ли Аронсон.