Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако секоја жена сака да изгледа убаво, а шминката е таа која и' помага сепак со нејзино претерување може да дојде до контраефект.
* Најчести грешки при шминкање и како да се избегнат:
1. Не претерувајте со руменилото
Никогаш не претерувајте со руменилото и запомнете доколку сакате да го издолжите вашето лице нанесувајте со четката повртикално руменило, а ако сакате да ви изгледа пошироко тогаш нанесувајте го руменилото хоризонтално.
2. Не нанесувајте дебел слој на ноктите
Иако можеби вашите нокти на тој начин ќе изгледате поубаво, сепак нема да можат да дишат, што ќе ги направи ноктите посуви и покршливи. Дури е препорачливо една недела од месецот воопшто да не се лакираат ноктите, туку само да се премачкаат со дебел слој крем за нега на нокти.
3. Избегнете го премногу темното моливче за усни
Моливчето за усни, всушност, треба да ви помогне за да ги исцртате рабовите на усните и воедно да го спречи размачкувањето на карминот, а не усните да ви изгледаат како рамка за слика.
4. Не нанесувајте парфем зад увото
Маснотиите што на тоа место ги лачи кожата, можат многу непријатно да мирисаат во комбинација со парфемот. Парфемот се нанесува на вратпжот, деколтето, внатрешната страна на лактовите или на измиена коса.
5. Не се обидувајте брчките да и прекривате со премногу пудра
Пудрата многу повеќе ги истакнува брчките под очите, па затоа попрепорачливо е користење на коректор.
6. Мрсната кожа не треба почесто да се чисти
Најчестата грешка е почестото чистење на мрсната кожа, затоа што на тој начин ја иритирате кожата. За секој тип на кожа е препорачливо чистење на кожата само наутро и навечер.
7. Не заспивајте со шминка на лицето
Иако на сите жени им се случува истото, обидете се тоа да биде многу ретко. Бидејќи мешањето на лојот, валканоста и шминката придонесуваат за создавање на леплива материја која ги затвора порите на лицето. Затоа се препорчува, пред спиење да се измие лицето, да се исчисти од шминката и да се нанесе крем.