×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најчестите промени коишто се случуваат кај жените по породувањето

    28.10.2019 07:13 | KumanovoNews

    Најсериозниот настан, најинтимeн и најголемата промена во животот на мајката се случува откако ќе се породи.

    Најчестите промени коишто се случуваат кај жените по породувањето

    Лекарите велат дека балансираната исхрана, редовната физичка активност, љубовта, вниманието и поддршката од семејствпото се неопходни како за физичко така и за психички заздравувањее на мајката.

    Ова се најчестите промени кои се случуваат со телото на жената по породувањето:

    1. Градите стануваат поголеми

    Докторите велат, дека доколко бебето кое го носите го родите поголемо, тогаш е голема веројатноста дека вашите гради ќе бидат поголеми за разлика од претходно. Иако ова звучи најверојатно, сепак тоа е нормален процес кој се случува кај жените по породувањето.

    2. Колковите стануваат пошироки

    Поради хормонот релаксин, врските во областа на зглобовите кај карличните коски се опуштаат, а сето тоа придонесува за проширување на колковите. Оваа промена е најчестата промена кај жените, па дури и на најголемиот процент од жените им остануваат проширените колкови во текот на целиот живот.

    3. Забите стануваат подложни на кариес

    Најчесто по породувањето, мајките забележуваат појава на кариес на забите и болестите на непцето. Она што ја нарушува нормалната орална функција е всушшност киселината којашто се јавува рано наутро и ги ослабнува забите, како и самото зголемено внесување на шеќерта во текот на бременоста. Додека пак зголеменото ниво на одредени хормони придонесува за зголемување на воспалителни процеси кои придонесуваат за појава на проблеми со непцето.

    4. Различен вкус на храната

    Иако ова се случува во текот на бременоста, сепак поради хормоналните промени може да се случи и по породувањето. Според лекарите, кај некои жени по породувањето може да се појави и некоја алергија на храна, на која пред бременоста не биле алергични.

    5. Може да се промени текстата и бојата на косата како и бојата на очите

    Оваа необична промена кај жените се случува поради промената на хормоните, т.е поради промената на хормонот меланин. За некои жени овии промени можат да бидат привремени, но за некои трајни.

    6. Зголемување на стапалата

    Тежината којашто ја имаат жените додека се бремени, како и после подорувањето може да влијае за отекување на нивните стапала, кои ќе изгледаат поголеми од вообичаено. Сепак, поголем дел од жените велат дека по породувањето веќе не носат ист број на чевли како пред бременоста.