Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се работи за филм, кој сепак никогаш ја нема видено светлината на денот, но според неговиот несуден режисер, славниот Стенли Кјубрик, тоа бил најдобриот филм на сите времиња. Тој филм, ќе добие нова шанса, овој пат како серија.
Во 1971 година, режисерот Стенли Кјубрик, во писмо до филмските компании, напишал дека филмот кој го подготвува ќе биде најдобриот филм на сите времиња. Насловот на филмот, кој беше одбиен од нив, беше „Наполеон.“
„Наполеон“ требало да биде епски филм, во вистинската смисла на зборот, филм со огромни размери за тоа време, прикажувајќи ја приказната за еден од најголемите историски личности, Наполеон Бонапарт, а како актери биле споменува славни имиња како Оскар Вернер и Одри Хепберн. Но сепак тоа морало да се прекине, поради многу причини.
По повеќе од 40 години, оваа идеја повторно ќе се активира. Славниот режисер Стивен Спилерг е во преговори со потомците на Кјубрик за да го откупи сценариото и да го адаптира за „најдобриот филм“ конечно да биде направен. Но не како што требало во оригиналната форма, туку адаптирано во серија во неколку делови, каде што приказната за славниот Наполеон би била прикажана многу подетално.